Дејвид Швимер откри нови детали за „Пријатели“

Фото: Профимедиа

Дејвид Швимер кој го глумеше Рос Гелер во култната серија „Пријатели“ откри дека снимањето започнува во април.

Новите информации тој ги откри во емисијата на Енди Коен точно една година откако за првпат беше објавено дека серијата „Пријатели“ ќе добие свое продолжение.

„Всушност за нешто повеќе од еден месец одам во Лос Анџелес каде започнува снимањето. Конечно смисливме начин како безбедно да снимаме и ќе постојат делови кои ќе ги снимаме надвор поради безбедносните протоколи“, изјави Дејвид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

За време на интервјуто Дејвид исто така откри дека Елен Деџенерис нема да го претстави собирањето, и покрај претходните најави дека тие ќе гостуваат токму кај неа.

„Не е Елен, не е Били Кристал. Можам само да откријам кај кого нема да го најавиме повторното собирање“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Friends (@friends)

Посебната епизода требаше да започне да се снима во август 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, сето тоа беше одложено.

Повторното собирање на „Пријатели“ ја вклучува оригиналната актерска постава: Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот