Деца-разбојници ограбиле пет обложувалници во Скопје, ги „олесниле“ за 5.000 евра

Двајца малолетници од Скопје добија кривични пријави поради сомнение за сторени пет кривични дела разбојништво, соопштија од полицијата.

Според МВР, пријавените во периодот од 7. април до 27. мај годинава со закана извршиле пет кривични дела разбојништво во спортски обложувалници на подрачјето на Скопје.

Со тоа, малолетниците се стекнале противправна имотна корист од 329.097 денари, односно над 5.300 евра, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот