Де Лаурентис ќе прави чистка во Наполи

EPA/ALESSANDRO DI MEO

Италијанскиот прволигаш Наполи минува низ најголемата криза во последните неколку години, а расправиите на релација управа – фудбалери сè уште не стивнува, туку се разгорува.

Наполи во последниот натпревар од Лигата на шампионите против Салзбург одигра 1:1 и проблемите почнаа по средбата кога претседателот Аурелио Де Лаурентис нареди фудбалерите да заминат на еднонеделен карантин. Фудбалерите тоа го одбија и си заминаа во своите домови.

Италијанските медиуми објавија дека Де Лаурентис им упатил јасна порака на бунтовниците дека ќе ги отпушти. На листата за отстрел се наоѓаат лидерите на бунтовниците, Дрис Мертенс, Хозе Каљехон, Алан, Калиду Кулибали, Фаузи Гулам, Лоренцо Инсиње и Елсеид Хусеј.

Договорите на Мертенс и на Каљехон им истекуваат на крајот од сезоната, но тие ќе бидат продадени уште во зимскиот преоден рок бидејќи од претходно одбија да потпишат нови договори. Белгиецот има понуда од кинескиот Далијан, но сериозен интерес за неговите услуги пројавува и Интер кој е подготвен да испрати понуда во јануари.

Алан исто така сака да го напушти градот под Везув, но тешко дека некоја екипа ќе понуди 90 милиони евра колку што нудеше ПСЖ во летниот преоден рок.
Де Лаурентис ќе мора по пониска цена од планираната да се ослободи и од Кулибали и Инсиње.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот