Де Јонг се подалеку од „Олд трафорд“, Јунајтед тргнува по Рабио

Адриен Рабио/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Челниците на Манчестер јунајтед не можат да го чекаат Френки де Јонг и тргнаа во реализација на трансферот на Адриен Рабио од Јувентус.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг сака да го засили средниот ред и според „Атлетик“, Рабио е првата мета. Французинот е член на Јувентус од 2019 година кога од ПСЖ како слободен играч се пресели во Торино, а има уште една година од договорот.

Рабио за „старата дама“ одигра 129 натпревари и постигна 6 гола, но не ги оправда очекувањата на навивачите.

Но, иако веќе остварија контакт со управата на Јувентус, челниците на Јунајтед се уште не доставиле официјална понуда бидејќи се надеваат дека неделава ќе биде решена стуацијата околу Френки де Јонг, односно ќе биде познато дали Холанѓанецот ќе си замине од Барселона или не.

Доколку биде достапен на трансфер пазарот, тогаш Јунајтед ќе тргне по Де Јонг, а во спротивно Рабио ќе биде освежувањето во средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот