Давос подготвен за јубилејниот економски форум: Се очекуваат претседатели и премиери од најмалку 50 земји

Организаторите потврдија дека годинашниот Форум ќе се одржи од 21 јануари до 24 јануари.

Следната недела во Давос, швајцарски град на Алпите ќе се одржи јубилејниот 50-ти Светски економски форум, кој ги спојува економската, политичката и социјалната елита на современиот свет.

Организаторите потврдија дека годинашниот Форум ќе се одржи од 21 јануари до 24 јануари.

Во соопштението се вели дека на Форумот ќе учествуваат најмалку 3.000 претприемачи, политичари, интелектуалци, активисти и други официјални претставници од вкупно 117 земји.

Главната тема на годинашниот Форум ќе биде да се изгради хармоничен и одржлив свет, а се очекува учество на претседатели и премиери од најмалку 50 држави.

Најавено е дека во рамките на Форумот ќе се одржат 400 отворени и затворени сесии, а меѓу повиканите се и американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте, шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, шпанскиот премиер Педро Санчез, шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутерес, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева и претседателот на Централна европска банка (ЦЕБ), Кристин Лагард.

Зариф откажа, доаѓа Тунберг

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф го откажа неговото учество, додека огранизаторите по втор пат ја повика младата шведска активист за клима, Грета Тунберг, кој го предводи „училишниот штрајк за климатските услови“, што во светот се одржува секој петок.

Давос е мал град на Алпите со население од околу 11.000, а славата ја стекна пред повеќе од 100 години во романот „Волшебниот рид на Томас Ман“. Во последните пет децении, ова мало место е познато како центар на светската економска и политичка елита.

Светскиот економски форум е основан пред 50 години од Клаус Шваб, со цел барем малку да се поправи светот во кој живее. Врз основа на проектот на Шваб, Давос стана модерен центар на капитализмот.

Давос е исто така модерен скијачки центар, со максимални безбедносни мерки за време на Форумот и на кој не се доаѓа без покана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот