Данска донира два милиони дози „АстраЗенека“ за Западен Балкан

Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека” против Ковид-19 на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС.

Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата.

Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан, пренесува Клик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот