Данец заработи четири месеци затвор поради кашлање и извикување „корона“ пред полицајци

Фото: EPA-EFE/Henning Bagger DENMARK OUT

Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор поради кашлање пред двајца полицајци и извикување „корона” за време на рутинска контрола во март минатата година.

Инцидентот, што се случи кога земјата беше целосно заклучена поради коронавирусот, доведе до тоа обвинетиот да биде уапсен под обвинение за заканувачко однесување, иако подоцна беше утврдено дека е негативен на ковид -19.

Тој прво беше ослободен од обвинението во локалниот суд, а подоцна беше осуден во данскиот западен висок суд.

На жалба до Врховниот суд против пресудата, обвинителите побараа затворска казна од три до пет месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот