Дали сте слушнале за новиот вид неверство? Сите сме го направиле барем еднаш!

Profimedia

Микроневерството не е доволно важно ниту големо за да се нарече неверство, но сепак претставува непочитување кон партнерот и показател дека во врската не е сè како што треба.

Ова се првите симптоми на микроневерството.

Барање совет само за да контактирате со некој што ви се допаѓа

Ве интересира нешто што многу лесно и самите можете да го дознаете преку интернет, но повеќе сакате да започнете разговор со супер згодниот колега или колешка, иако насетувате дека тој невин разговор може да прерасне во флерт. Ако тоа му го премолчите на партнерот, јасно е дека не е толку наивно.

„Фаворити“ на социјалните мрежи

Секој од нас воздивнува по некого на социјалните мрежи и тоа е сосема во ред. Сепак, ако постојано го посетувате профилот на бившиот партнер, на некој познаник или лице што го познавате, водете сметка тоа да не прерасне од виртуелна во реална симпатија.

Интерни фори кои никој друг не ги разбира

Ако имате пријател или колега со кого имате интерни фори кои никој друг не ги сфаќа, а не сакате да ги поделите со други, прашајте се дали станува збор за обично пријателство. И дали вам би ви пречело вашиот партнер да има такво пријателство?

Допишување кое ги поминало границите
Секој на поинаков начин си ги поставува границите, но се знае што претставува невкусно допишување. Ако тоа вклучува сексуални алузии или какви било емоции, сигурно е знак дека не е само пријателство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот