Дали сексот е вистинскиот начин да го преболите раскинувањето?

врска

Раскинувањето е тешко и комплицирано и за оној кој е оставен, но не му е подобро ниту на оној кој раскинува.

Оставените страдаат повеќе и се полни со фрустрации, особено ако причините за раскинувањето не биле доволно јасни или другиот се повлекол без збор. Повеќе студии покажале дека токму оставените се впуштале почесто во сексуални односи за една вечер или со краткотрајни партнери, отколку оние кои раскинале.

Една третина од испитаниците на Универзитетот Мисури се обиделе со секс да го преболат партнерот, додека за една четвртина од нив тоа било чин на одмазда.

Повеќе од половина спиеле со нов партнер во просек по еден месец од раскинувањето. Понекогаш тоа им помагало да се дефокусираат и да најдат нова забава, но има и такви кои после сексот со друг уште повеќе им недостигал поранешниот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот