Дали на светот може да му се случи невиден хаос? Научниците открија мутиран вид на коронавирусот, позаразен и поопасен од претходницте

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Коронавирусoткој се појави во Вухан во Кина, пред повеќе од четири месеци мутираше, а новиот, доминантен вид кој се шири преку САД изгледа дека е уште позаразен, открила нова студија.

Новиот вид кој се појави во Европа на почетокот на февруари, пред на крајот на март да мигрира во другите делови на планетата, вклучувајќи ги САД и Канада, стана доминантен вид на вирусот во светот, напишале истражувачи од Националната лабораторија Лос Аламос во извештај на веб страницата на која научниците објавуваат дела кои се’ уште не се ревидирани.

Доколку коронавирусот за време на летото не исчезне како сезонскиот грип и како што се очекуваше, витрусот би можел додатно да мутира и потенцијално да ја ограничи ефикасноста на вакцината против коронавирусот која ја развиваат научници низ целиот свет. Покрај тоа, овој мутиран вид би можел да ги направи луѓето ранливи и на други инфекции, предупредуваат истражувачите.

Во студијата исто така е откриено дека новиот вид заразил многу повеќе луѓе од претходните видови кои дошле од Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот.

Овој вид се проширил во некои држави за само неколку недели, па со неговата доминација над своите претходници покажува дека е позаразен, се наведува во извештајот.

Засега не постои податок кој го покажува нивото на заразност на доминатниот вид на коронавирус.

Истражувањето во голема мера се темели на генетско наследство на претходни видови.

Истражувачи од Лос Аламос, со помош на научници од Универзитетот Дјук и Универзитетот Шефил во Англија, анализирале над илјада видови на коронавирусот кои ги собрала Глобалната иницијатива за делење на податоци за грип, организација која промовира брзо делење на податоци за сите вируси на грипот и коронавирусот.

До денеска, истражувачите идентификувале 14 мутации.

Приказната е загрижувачка, бидејќи гледаме како мутираниот облик на вирусот многу брзо се појавува и за време на март станува доминатна пандемиска форма. Кога вирусите со оваа мутација влегуваат во популацијата, многу брзо настанува локална епидемија, па и тие се преносливи, соопшти Бет Корбер, биолог од Лос Аламос во објава на Фејсбук.

Сепак таа напоменува дека колку и да е лоша оваа вест, не треба да се обесхрабруваме.

– Нашиот тим на ЛАНЛ успеа да ја документира оваа мутација и нејзиното влијание на пренесување само заради големиот глобален напор на клиничари и експериментални групи кои новите видови на вирусот ги прават достапни најбрзо што можат. Ве молам, бидете ентузијастични знаејќи дека глобалната научна заедница е тука и соработуваме на начини кои никогаш не сум ги видела за овие 30 години колку работам како научник, истакна Корбер.

Идентификувани стотици мутации на коронавирусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот