Дали го погледнавте 4.000 гол на Вардар во ЛШ? (ВИДЕО)

rkvardar.mk

Македонскиот и европски шампион ја забележа и третата победа по ред во групната фаза од Лигата на шампионите на гостувањето кај Мотор Запорожје.

Ракометарите на Писонеро остварија нов важен триумф и со двата бода од Украина го задржаа во првото место во рамките од групата „Б“.

Во текот на натпреварот против Мотор Запорожје, Вардарци успеаја да го постигнат јубилејниот 4.000 гол во ЛШ.

При негатива од 14:11 во 23 минута од средбата од многу тешка позиција намали Тимур Дибиров и така испиша историја во дресот на Вардар.

Наредниот меч нашиот првак ќе го има на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во дербито од групата „Б“ и ракометниот спектакл кој се очекува на 12 октомври против бундеслигашкиот гигант Кил со почеток од 17.30 часот. Влезниците за оваа пресметка се веќе во продажба, повеќе прочитајте на следниот ЛИНК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот