Дали би пробале сладолед од вијагра?

Веројатно се прашувате какви бизарни вкусови на сладолед има ширум светот. Пред да ви ги претставиме најбизарните вкусови на светот, еве некои интересни факти за сладоледот во кои тешко ќе поверувате.

  1. Во Болоња, Италија, пред неколку години е основан Универзитет за сладолед, каде што студентите ги учат тајните за правење сладолед. Цената што мора да ја платите ако сакате да студирате на овој Универзитет е 800 евра неделно.
  2. Пред две години во Англија за првпат на купувачите им е понуден сладолед од мајчино млеко.
  3. Се проценува дека една топка сладолед од ванила содржи дури 273 калории.
  4. Просечно во текот на една година јадеме околу 20 литри сладолед.
  5. Во недела сладоледот се продава повеќе од кој било друг ден.
  6. Роналд Реган во 1984 година месецот јули го прогласил за национален месец на сладоледот.
  7. Звучи неверојатно, но постои дури и посебна диета – со сладолед.
  8. Америка произведува најмногу сладолед на светот.
  9. Во просек се потребни 50 движења на јазикот за да се излиже една топка сладолед.
  10. Потребни се околу 12 литри млеко за да се направи еден литар сладолед.

Во продолжение еве некои од најбизарните вкусови на сладолед.
Сладолед од лук
Сладолед од авокадо
Сладолед со вкус на хот дог
Сладолед од јаглен
Сладолед од свинска крв и чоколадо
Сладолед од сенф
Сладолед од пржена слатка пченка
Сладолед од карамела со вкус на цигари
Сладолед од пилешко во соја сос
Сладолед од јагула
Сладолед од корен од орхидеја
Сладолед од вијагра
Сладолед од сирово месо од коњ (јапонски специјалитет)
Сладолед од овчи изнутрици
Сладолед од мајчино млеко
Сладолед од сланина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот