Дачиќ: Нема да дозволиме српски жртви поради неподготвеноста на меѓународната заедница

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за РТС изјави дека со месеци сме во ескалација поради неодговорното однесување на Албин Курти, кое предизвикува конфликтни ситуации.
Коментирајќи го пристигнувањето на КФОР пред општинските згради на северот на Косово, Дачиќ рече дека задача на КФОР е да го спречи едностраниот чин на Приштина, а не да ги спречи вработените да влегуваат во зградите.

„Сега ги штитат градоначалниците под изговор за зачувување на мирот. Изгледа ги штитат од сопствениците на зградите, Србите, од оние што работат таму, кои се вработени таму. Тие не можат да бидат градоначалници во српските општини кои не беа избрани од Србите“, рече Дачиќ.

Тој посочи дека вооружените сили на Србија се во состојба на готовност.

„Нема да дозволиме српски жртви поради неподготвеноста на меѓународната заедница и воениот авантуризам на Курти“, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот