Да не беа тренери во Премиер лигата, Клоп секој четврток би пиел во паб, а Солкјер игра видео игри

twitter.com/LFCTransferRoom

Поради репрезентативните активности за квалификациите за ЕП 2020 година, англиските новинари се чини дека имаат повеќе слободно време и одлучија да се пошегуваат со тренерите на премиерлигашите.

Тие дојдоа до идеја според профилот на личноста да утврдат што би правеле тренерите доколку би работеле некоја работа надвор од фудбалот, а резултатите се урнебесни, посебно за тренерите на најдобрите екипи.

Јирген Клоп би бил раководител во одделот за човечки ресурси во германска енергетска компанија и би ја промовирал зелената енергија, поточно, одењето со велосипед на работа. Често може да биде виден во четвртоците како пие со помладите колеги, но наредниот ден без проблеми ги извршува своите задачи.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Пеп Гвардиола би бил професор по математика. Перфекционистот во сегашната работа не би бил толерантен кон своите студенти. Исто така би спиел кај пријатели бидејќи жена му го исфрлила од дома.
Френк Лампард е вработен во осигурителна компанија кој секоја сабота ги тренира своите синови.

EPA/WILL OLIVER

Оле Гунар Солкјер никогаш ништо не работел во животот и се уште живее во куќата на својата мајка. единствено хоби му се видео игрите и цел ден помина играјќи. Исто така води фан клуб на Манчестер јунајтед.

Брендан Роџерс е мотивациски говорник кој не е омилен помеѓу колегите.

twitter.com/piersmorgan

Маурицио Покетино има „старт ап“ технолошка компанија во Лондон. Иако на почетокот бизнисот му одеше добро, но последно време се мачи и сите неговите најдобри вработени мораат да си заминат. Се обидува да ја продаде компанијата и да си најде работа во поголема компанија.

Кике Санчез Флорес би бил сопственик на ноќен клуб на Ибица, и спроти него свој клуб има и Гери Линекер. Исто така се шпекулира дека глумел и во неколку филмови за возрасни.
Рој Хоџсон е свештеник во локална црква во мал англиски град. Исто така работи и во локалната библиотека.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот