Д-р Грубовиќ Растворцева за лекувањето со крвна плазма на болните од Ковид-19 – Критериуми, испитувања и евентуален ризик (ВИДЕО)

-Постапка за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор. Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми, кој ги исполнува наведените критериуми, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Д-р Рада М. Грубовиќ Растворцева, Раководител на Иститут за трансфузиона медицина – Скопје.

Тоа што е многу важно, како што нагласи Грубовиќ, е дека пред донирањето мора да се направат лабораториски испитувања.

-Крвна слика, биохемиски анализи (гликемија, липиден статус, протеински статус-вкупни протеини да се повеќе од 60 гр/л, деградациони продукти,ензимски статус, CRP). Анализи за инфекции преносливи преку крв (хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и силфилис), како и крвна група со скрининг на антитела.

Околу евентуалните ризици од користењето на крвна плазма, Д-р Грубовиќ Растворцева вели дека начелно, тоа е безбедна метода меѓутоа сепак минимален ризик можеби постои, но неповрзано со конвалесцентната плазма, како на плазма добиена од луѓе кои прележале Ковид-19, туку од самата плаза, којашто во многу ретки случаи, 0,01% случаи би можела да даде некаква мала алергиска реакција, инаку друг ризик навистина нема.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот