Д-р Чадиковски: Протестирајте пред ковид-болниците, можеби ќе ги убедите пациентите дека не се болни

Д-р Владимир Чадиковски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Зошто протести пред Влада и Собрание, посоодветно е пред болниците со болни од ковид, може ќе ги убедат дека не се болни, напиша д-р Владимир Чадиковски на Твитер, како реакција на денешниот протест против новите ковид-мерки и вакцините против ковид-19.

Огромна поддршка за сите колеги кои се бориме против овој вирус, кој ни го промени животот! Разбирам и поддржувам став, мислење, но ова е срамота, стои во објавата на д-р Чадиковски.

ФОТО+ВИДЕО l „Мое тело, Божја сопственост“: Невакцираните граѓани протестираа против новите ковид-мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот