Црни прогнози: Европските екипи ќе загубат милијарди евра и во новата сезона

Поради пандемијата на коронавирусот падна вредноста и на фудбалерите и на екипите, а играњето пред празни трибини го стопи профитот на тимовите.

Европските фудбалски екипи очекуваат дека оваа и наредната сезона поради пандемијата на коронавирусот ќе изгубат дури четири милијарди евра, тврди европското здружение на екипите (ЕЦА).

ЕЦА во својата студија проценува дека екипите од 55 европски држави оваа сезона ќе имаат загуби од 1.6 милијарди евра, додека за сезоната 2020/21 загубите ќе бидат уште поголеми, дури 2.4 милијарди евра.

– Резултатите покажуваат дека финансиското влијание на коронавирусот на европските екипи во овие времиња е еден вин на сеизмички шок. За жал, тој шок ќе продолжи и наредната сезона и поради тоа фудбалот се соочува со егзистенцијална криза – изјави извршниот директор на ЕЦА, Чарли Маршал.

Поради пандемијата падна и вредноста на самите фудбалери и екипи, а играњето пред празни трибини дополнително ја загрози заработката на клубовите. Во истражувањето на ЕЦА во кое беа опфатени 10 лига и меѓу нив беа и најбогатите пет (Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига, Серија А и Лига 1), екипите во оваа сезона се соочуваат со загуби од 400 милиони евра од непродадени билети, а таа сума ќе биде за три пати поголема во наредната сезона доколку се игра пред празни трибини.

Исто така ЕЦА предвидува дека ќе има и голем пад во платите на фудбалерите, а претстојниот преоден рок ќе ја прикаже вистинската слика за тоа колку фудбалот е погоден од пандемијата.
ФИФА досега издвои неколку стотици милиони долари од своите фондови за бесповратни и бескаматни позајмици на фудбалските федерации кои тие средства можат да ги дадат на екипите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот