Црна прогноза на Белата куќа: Од коронавирусот ќе настрадаат од 100 до 240 илјади лица во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да се подготват за две тешки недели и истакна дека земјата наскоро ќе го види „светлото на крајот од тунелот”.

Белата куќа проценува дека во САД од новиот коронавирус ќе настрадаат помеѓу 100.000 и 240.000 лица, доколку се следат сегашните упатства за социјално дистанцирање.

Прогнозите беа презентирани вчера на брифинг во Белата куќа. 

– Ако не се воведат мерки за социјална оддалеченост во земјата, меѓу 1,5 и 2,2 милиони луѓе би умреле, изјави координаторката на работната група во Белата куќа за борба со Ковид-19, Дебора Баркс.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да се подготват за две тешки недели и истакна дека земјата наскоро ќе го види „светлото на крајот од тунелот”.

– Сакам секој Американец да биде подготвен за тешките денови што претстојат, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот