Црн рекорд во Индија: Најголем број починати од ковид-19 за еден ден

epa09167183 Indian people wait to fill their oxygen cylinders at an oxygen vendor in New Delhi, India, 29 April 2021. Delhi reported 25,986 fresh cases, 368 deaths in last 24 hours and continue to struggle with the oxygen supply. EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Индија во последните 24 часа регистрира 3.645 смртни случаи од ковид-19, што е за 350 повеќе од претходниот ден и најголем број регистрирани досега во земјата сериозно погодена од вториот бран на епидемијата, според податоците на Министерството за здравство.

Досега, 204.832 луѓе починаа од коронавирусот во Индија, но многу експерти проценуваат дека реалниот број е многу поголем.

ВИДЕО I Индиските лекари предупредуваат дека следните две недели ќе бидат најсмртоносни досега: „Купувам кислород по цена на злато“

Регистрирани се скоро 380.000 нови инфекции во земјата, што е најголем број случаи во светот во последните 24 часа. Само во април во Индија се регистрирани повеќе од шест милиони новозаразени со ковид-19.

Експоненцијалниот раст на инфекцијата, кој делумно му се припишува на новиот индиски сој на коронавирусот, како и на масовните собири за време на политичките или верските митинзи, ги оптовари болниците, кои немаат доволно кревети, лекови ниту кислород.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот