Церар ја напушти својата партија поради коалицијата со Јанша

Фото: МИА

Актуелниот министер за надворешни работи на Словенија Миро Церар денеска објави дека ја напушти Партијата на модерниот центар (СМЦ), што тој ја формираше, поради одлуката на партиското раководство да коалицира со партијата на Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Церар својата одлука ја објави во словенечкиот Парламент, а ја напиша и на социјалните мрежи.

– Денеска излегувам од партијата на која и посветив шест години од својот живот и во која го оставив своето име. СМЦ веќе одамна не е партија на Миро Церар, а за жал не е ни повеќе партија на модерниот центар – напиша Церар.

Партијата СМЦ реши да влезе во коалиција со десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанша, што беше причина за голем број негодувања и во самата партија.

Церар уште пред да се формира новата коалиција најави дека доколку таа стане реалност, тоа ќе биде сосема спротивно до неговите политички вредности и погледи за тоа како треба да се развива Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот