Целосно реновирана Службата за итна медицинска помош, во Здравствен дом Битола за 3 години реализирани 54 нови вработувања

Здравствениот дом во Битола е позитивен пример за успешно работење и во континуитет се реализират активности за зајакнување на кадарот, информираат од Министерството за здравство.

За три години се реализирани 54 нови вработувања, од кои 24 доктори и 17 медицински сестри. Исто така, одобрени се пет специјализации, две од областа на вонболничка педијатрија и по една од областа на детска превентивна стоматологија, спортска медицина и медицина на труд.

Паралелно со тоа се реализирани бројни реконструктивни зафати, во вредност од шест милиони денари. После 30 години комплетно е реновирана Службата за итна медицинска помош, домашно лекување и ургентна стоматологија, каде е отворена и амбуланта во рамки на дневната болница во која дежураат матични доктори, поставена е нова водоводна мрежа, нова електрична инсталација и поставен медицински под. Воедно, реновирани се и службите за детска превентивна стоматологија и за превентивни прегледи на деца од 6 до 18 години.

Во насока на унапредување на здравствените услуги за пациентите, набавена е нова медицинска опрема во вредност над шест милиони денари, како што се: четири апарати за ЕКГ, стрес-тест, подоскоп, повеќе хематолошки бројачи, две столици за транспорт на пациенти по скали, три хематолошки столици за земање крв на пациенти за испитување во лабораториите, ново санитетско возило, стоматолошки стол и по еден спирометар, аудиометар и реакциометар.

Вкупната сума за реализација на овие активности изнесува 12 милиони денари, со средства обезбедени од ЗД Битола.

Сето ова е значаен придонес за унапредување на условите за работа во оваа јавна здравствена установа и за поквалитетна здравствена заштита за пациентите од Битола и околните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот