Целиот кошаркарски тим на Фенербахче испратен на тестирање за коронавирус

принтскрин

Во Истанбул помеѓу членовите на тимот и администрацијата на кошаркарскиот тим на Фенербахче се откриени симптоми на коронавирус поради што целиот тим е испратен на тестирање.

Рутинската лекарска проверка покажа дека во Фенербахче постојат потенцијални заразени од коронавирусот, а тестовите ќе покажат дали има позитивни на Ковид-19 помеѓу кошаркарите.

„Веднаш откако беа откриени симптомите, нашиот медицински тим интервенираше и сите кошаркари и тренерите се ипратени во болница за да се тестираат“, стои во соопштението на клубот.


Главна ѕвезда на турскиот кошаркарски тим не е играч туку тренерот кој има дури девет трофеи во Евролигата, Жељко Обрадовиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот