Царовска во посета на средни стручни училишта во Кичево и Гостивар

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик министерот Арафат Шабани денеска ќе учествуваат на две одделни консултативни средби со претставници на компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта од Гостивар, Врапчишта, Кичево и Македонски Брод.

Средбите,како што информираат од МОН, ќе се одржат во Гостивар и во Кичево, а се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно”, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот