Царовска: Политиките за подобрување на стандардот за младите ги носевме со помош на студентите

– Заеднички успеавме да ја донесеме младинската гаранција, да ја имплементираме и да имаме огромен успех, истакнува вицепремиерката за економски прашања.

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска имаа средба со студенти, на која говореа за она што е направено во изминатиот период, како и за предизвиците што претстојат со цел да се подобри стандардот на младите во земјава.

– Студентите навистина помогнаа како млади луѓе, да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите. Заеднички успеавме да ја донесеме младинската гаранција, да ја имплементираме и да имаме огромен успех. Ги постигнавме индикаторите што ги постигнуваат европските развиени земји. Од вкупно вклучени околу 20.000 млади лица минатата година повеќе од 6.300 млади лица веќе се вработија преку младинската гаранција, нагласи Царовска.

Таа посочи дека сакаат да ги видат младите и во реалниот сектор и затоа, како што истакна, е воведен младинскиот додаток од 3.000 денари како дополнување на нивната плата секој месец. Овој додаток го добиваат повеќе од 5.000 млади.

– Ова укажува дека нивниот животен стандард расте, но исто така тие имаат се уште предизвици. Зборувавме со нив кои се можностите за унапредување на читалните, на процесот на образование, на вклучување на повеќе демостратори и асистенти во високото образовение… Тие се онаа критична група на граѓани која треба заедно со сите нас да ги донесе промените во нашето општество, нагласи вицепремиерката.

Каевски изрази уверување дека во следниот период ќе продолжи заедничката соработка со младите и оти сето она што ќе се реализира, ќе доаѓа како идеја од младите. Тој изрази задоволство што денес младинската невработеност се повеќе се намалува и со тоа, како што рече, покажуваме дека имаме сериозен пристап кон најмладите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот