ЦУК: Падна фасада во центарот на Скопје, никој не е повреден, опасност се уште постои

фото: ЦУК, падна фасада во центарот на Скопје

Совесни граѓани преку бројот за итни случаи 112 пријавиле дека има паднат дел од фасада на тротоар, а постои можност и опасност да падне уште еден поголем дел од фасада од зграда во строгиот центар на Скопје. Останатиот дел од фасадата кој е најгоре од зградата, не се знае во каква состојба е, но претставува потенцијална опасност за минувачите.

За среќа во инцидентот никој не е повреден. Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја известил Општина Центар за понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” во близина на Министерство за правда.

Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот