Црногорскиот Парламент ќе покрене постапка за утврдување дали Ѓукановиќ го прекршил Устав

Мило Ѓукановиќ/ Фото Savo PRELEVIC / AFP / Profimedia

Собранието на Црна Гора ќе иницира постапка за утврдување дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот кога не му го врачил мандатот за состав на нова влада на Миодраг Лекиќ, јави агенцијата МИНА.

Парламентот вчера со гласовите на 41 пратеник ја усвои иницијативата за покренување постапка со која треба да се утврди дали Ѓукановиќ го прекршил Уставот.

Претседателката на Собранието, Даниела Ѓуровиќ, изјави дека барањето ќе биде доставено до Уставниот суд, кој ќе донесе конечна одлука дали претседателот на државата го прекршил Уставот или не.

Во иницијативата се наведува дека по изгласувањето недоверба на 43-та влада на 19 август, Ѓукановиќ не му предложил на Парламентот нов кандидат за премиер, што е негова уставна обврска.

Потписниците на иницијативата сметаат дека Ѓукановиќ „несомнено” го прекршил Уставот и затоа бараат Собранието на Црна Гора да покрене постапка за утврдување дали има противуставно постапување од шефот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот