ЧУВАР КУЌА – билката која лечи сто болести

Билката чувар куќа лесно се одгледува и не бара особена нега, особено поради тоа што поднесува најразлични временски услови.

Исто така е и многу популарна во алтернативната медицина, во својот природен облик, но и како сок, облоги, масти, тинктури и чај.

Чувар куќата спаѓа во фамилијата сукуленти, кои се познати по тоа што се „засекогаш живи“. Дебелите листови се полни со вода, која е позната како лек за воспаленија во увото. Освен тоа, изгледа и многу декоративно и можете да ја одгледувате и во саксија и во двор.

Според народната медицина, оваа билка треба да ја избегнуваат трудниците и доилките.

Нејзиното дејство е слично како на алое верата, која е познат смирувач на кожни иритации. Чувар куќата може да се користи како облога врз иритираното место или да се мачка од нејзиниот сок.

Сокот од чувар куќа содржи полисахариди и антибактериски соединенија. Се верува дека помага при нервни нарушувања, а потоа при цревни паразити, бронхитис, воспаленија во усната шуплина, на забите, увото и грлото. Се препорачува да го пијат луѓе кои страдаат од карцином. Доволна е доза во чашка за ракија еднаш дневно или да се изедат неколку листови.

Чувар куќа со мед е лек кој се препорачува при миоми, цисти и проблеми со штитната жлезда. Потребни се 750 гр листови кои ќе ги измелите и ќе ги измешате со 1 кг мед. Се зема една лажичка наутро и уште две во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот