Чулев: Донација во медицинско-хигиенски материјали од Кина за вработените во МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот Фејсбук профил објави дека добиле донација во медицинско-хигиенски материјали од Кина за заштита на вработените.

-Со големо задоволство сакам да ја информирам јавноста дека денес, а во рамки на повеќедецениската и извонредно добра билатерална соработка со кинеската полиција, a на мое претходно барање и оствараната комуникација, преку амбасадата на НР Кина во Скопје добивме донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на нашите вработени кои што како што е познато заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.

Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.

Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија, напиша Чулев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот