Чудо од чоколадо: Брза, едноставна и вкусна посластица која ќе ве воодушеви

Чудото од чоколадо е кремаста и вкусна посластица која ќе ги воодушеви и најпребирливите љубители на благо. За подготовка не ви треба повеќе од половина час, а поради едноставната подготовката на овој колач, успешно ќе го направат и почетниците.

За тестото ви се потребни 4 јајца, 200 грама брашно, 100 грама чоколадо за готвење, маргарин, 4 лажици брашно и прашок за печиво.

Пенасто изматете ги жолчките и шеќерот, па додадете го претходно истопениот маргарин и чоколадото. Потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво, а на крајот цврстиот снег кој сте го подготвиле од четирите белки.

Печете 20 минути на 180 степени.

За филот ви е потребно 0,5 литри слатка павлака и 200 гр чоколадо за готвење. Слатката павлака и чоколадото загрејте ги на тивок оган да зоријат. Печеното тесто избоцкајте го со вилушка и додека е топло прелијте го со филот (филот е редок, но не треба ништо да додавате бидејќи ќе се стврдне во фрижидер). Колачот оладете го на собна температура па потоа ставете го во фрижидер.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот