Чу­дес­ни рас­тво­ри за брз раст на соб­ни­те цве­ќиња – Слободен печат
МагазинСемејство

Чу­дес­ни рас­тво­ри за брз раст на соб­ни­те цве­ќиња

Ка­ко пра­вил­но да се под­гот­ви рас­твор за пот­хра­ну­ва­ње на рас­те­ни­јата:

До­кол­ку са­ка­те ва­ши­те соб­ни цве­ќи­ња да из­гле­да­ат жи­во и да рас­тат мно­гу поб­р­зо от­кол­ку што сте на­вик­нати, об­рне­те вни­ма­ние на со­ве­ти­те за при­храна, до­би­е­ни од стра­на на ис­кус­ни цве­ќари. Со нив ќе ус­пе­е­те да од­гле­да­те вис­тин­ска цвет­на оа­за во ва­ши­от дом. Тај­на­та на бо­га­та­та до­маш­на гра­ди­на ле­жи во мно­гу ед­нос­тав­ни и лес­ни со­ве­ти, a нај­важ­ни­от од нив е цве­ќи­ња­та доб­ро да се потхра­ну­ваат.

Ка­ко пра­вил­но да се под­гот­ви рас­твор за пот­хра­ну­ва­ње на рас­те­ни­јата?

Си­те цве­ќи­ња са­ка­ат ше­ќер

Прак­тично, си­те рас­те­ни­ја са­ка­ат ше­ќер, а на как­ту­си­те тоа им е „оми­лен пи­ја­лак“. Пред да им ста­ви­те во­да на цве­ќи­њата, во сак­си­ја­та ста­ве­те по ед­на су­пе­на ла­жи­ца ше­ќер, а по­тоа на­ва­дете ги.

Фи­ку­си­те пак, ед­наш ме­сеч­но се за­ле­ва­ат со ме­ша­ви­на од во­да и ше­ќер. На еден ли­тар вода, се ста­ва ед­на ка­фе­на ла­жи­ца ше­ќер. Лис­то­ви­те на фи­ку­сот за да би­дат сјај­ни и свежи, се чис­тат со млеко. По­ра­ди мно­губ­рој­ни­те по­зи­тив­ни ефек­ти од мле­кото, љу­би­те­ли­те на цве­ќе одат че­кор по­на­та­му и со шприц во стеб­ло­то на нив­но­то оми­ле­но рас­те­ние вбриз­гу­ва­ат млеко.

Потхра­ну­ва­ње со ри­ци­ну­со­во масло

Во еден ли­тар вода, ко­ја прет­ход­но има от­стое­но не­кол­ку де­нови, до­да­де­те ед­на ка­фе­на ла­жи­ца ри­ци­ну­со­во масло. Ши­ше­то доб­ро зат­во­ре­те го и про­ме­шај­те уба­во за мас­ло­то со во­да­та да се со­е­ди­нат уба­во за да не из­го­рат ко­ре­ни­те на бил­ката. Вед­наш по­тоа теч­нос­та се си­пу­ва во сак­си­јата.

Ако цве­ќе­то цве­та ед­наш го­дишно, до­вол­на е са­мо ед­на так­ва при­храна. До­кол­ку пак рас­те­ни­е­то цве­та не­кол­купа­ти го­дишно, вак­во­то пот­хра­ну­вање тре­ба да се прак­ти­ку­ва ед­наш ме­сечно.

Чу­дот­во­рен рас­твор за нај­без­на­деж­ни­те цве­ќиња

Сè што тре­ба за да се под­гот­ви овој чу­дот­во­рен рас­твор е во­да и луш­пи од јајца. Луш­пи­те од не­кол­ку јајца се пре­ле­ва­ат  со во­да и се ос­та­ва­ат да от­стојат од 5 до 7 де­на на соб­на тем­пе­ра­тура. Од вре­ме на време, пот­реб­но е да се про­ме­шу­ваат. От­ка­ко ќе от­стојат, рас­тво­рот се става во сак­си­и­те на цве­ќи­њата, а ре­зул­та­тот од оваа „чу­дот­ворна“ сос­тој­ка мо­же да се за­бе­ле­жи  са­мо по­сле не­кол­ку дена.

За­јак­не­те го иму­ни­те­тот на до­маш­ни­те цве­ќи­ња со ас­пи­рин

Ед­на таб­ле­та од 300 мг пот­реб­но е да се рас­тво­ри во еден ли­тар вода. Та­ка при­гот­ве­ни­от рас­твор се рас­пр­ску­ва по це­ло­то цве­ќе со по­мош на рас­пр­ску­вач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close