Чомски: Доволно сум стар, ништо слично немало во историјата на човештвото

epa04232740 US linguist and philisopher Noam Chomsky speaks during a lecture at the Center for Art and Media Technology (ZKM) in Karlsruhe, Germany, 30 May 2014. EPA/ULI DECK

Американскиот професор Ноам Чомски предупреди дека поради климатската криза, заканата од нуклеарна војна и зголемениот авторитаризам светот се наоѓа во најопасниот момент во историјата на човештвото.

Тој во интервју за „Њу стејтсман” истакна дека „нeмало ништо слично во човековата историја”.

– Јас сум доволно стар за многу живописно да се сеќавам на заканата дека нацизмот можеше да завладее во голем дел од Евроазија… Американските воени планери предвидуваа дека војната ќе заврши со регион доминиран од САД и регион доминиран од Германија… Но, дури и тоа, доволно ужасно, не беше крај на организираниот човеков живот на Земјата, со кој сега се соочуваме, истакна Чомски.

Тој додаде дека се светот се соочува со многу тешки кризи, како нуклерани војна, еколошки катастрофи и влошување на демократијата.

– Влошувањето на демократијата стана шега. Американската влада е целосно исчистена од каков било дисидентски глас, посочи Чомски во интервјуто пред првиот Самит на Прогресивната меѓународна организација, што се одржува од денеска до 20 септември.

„Прогресив интернешнл” е организација основана од американскиот сенатор Берни Сандерс и поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, чија цел е спротивставување на десничарскиот авторитаризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот