Чистка во Јунајтед, Солскјер избриша тројца фудбалери

EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед по заминувањето на сер Алекс Фергусон од клупата, никако да ја врати старата слава. Фергусон го направи Јунајтед најтрофеен англиски клуб со 20 шампионски титули, но од 2013 година и неговото заминување во пензија „црвените ѓаволи“ немаат ниту една титула иако редовно се меѓу најголемите трошаџии кога станува збор за засилувањата.

Јунајтед сезонава е на петтата позиција, но заостанува дури 27 бодови зад лидерот Ливерпул, а менаџерот Оле Гунар Солсјкер најави чистка во екипата и побара дури тројца искусни фудбалери да бидат продадени до крајот на јануари.

фото: твитер

Прв на листата за отстрел на Солскјер е Немања Матиќ. Српскиот репрезентативец со Челси освои освои две титули во Премиер лигата, а во Јунајтед дојде по барање на тогашниот менаџер Жозе Мурињо. Сезонава Матиќ ретко добива шанса да игра,а Солскјер неколку пати јавно изјави дека не му е потребен во екипата.

Аргентинецот Маркус Рохо во Манчестер јунајтед пристигна во 2014 година за сума од 16 милиони фунти, но тој одамна не е во плановите на менаџерот.
Последиот фудбалер на кој Солскјер не смета е 34-годишниот Ешли Јанг кој во Јунајтед е од 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот