Четвртиот бран на Ковид-19 се прошири во сите региони на Франција

Париз Франција ковид-19 коронавирус маски
Ковид-состојба во Франција / Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот се прошири во сите региони на Франција, соопшти портпаролот на француската влада Габриел Атал.

„Санитарната состојба продолжува да се влошува. Четвртиот бран на пандемијата ја зафати цела Франција“ рече тој.

Според Атал, жаришта се регистрираат низ целата земја и „скоро сите региони се во црвената зона” во однос на стапката на ширење на болеста. Портпаролот на француската Влада рече дека во вторникот се регистрирани скоро 27.000 нови случаи, со просечно дневно зголемување од 19.000 во изминатите седум дена.

„Во исто време, гледаме остар контраст меѓу бројот на нови случаи и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација. Особено во споредба со претходниот бран“ додаде тој.

Атал рече дека подобрувањето на овој индикатор во голема мера се должи на масовната вакцинација на населението, поради што се намали товарот на здравствениот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот