Четири млади лица од земјава креираат мобилна апликација #ChallengerДома

Четири млади лица од команијата „Challenger” изготуваат мобилна апликација  #ChallengerДома, која, како што истакнаа,  ќе ги поттикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19.

– Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите” велат од „Challenger”.

Апликацијата #ChallengerДома ќе може да се инсталира на сите паметни мобилни телефони, а поддржана е од Фондот за иновации и технолошки развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот