Четири милиони денари Градот ќе потроши за туризам

Слободен печат дознава дека Град Скопје со околу 4 милиони денари ќе ја подобрува туристичката понуда во метрополата, од кои со 2.500.000 ќе се изработува проект и проектна документација за изведба и содржини од студијата за ТРЦ Водно.

Дел од овие средства, односно 460.000 денари ќе се наменат за проектирање и изведба на “Flow” велосипедска патека Средно Водно, додека пак, за проектирање и изведба на “Enduro” велосипедска патека Крстовар – Средно Водно ќе бидат потрошени 460.000,00 денари.

Дополнително, 300.000 денари од Буџетот на Градот ќе бидат потрошени за изработка на проектна документација за санација на патеки на локалитетот Матка“, а 200.000 денари за изработка на основен проект и проектна  документација за адаптација и уредување на монтажно демонтажни објекти за туристички бироа на Град Скопје.

За членарина во Европската маркетинг асоцијација на европски туристички градови Градот ќе потроши 180.000 денари.

Оправданоста за трошењето на овие средства од Град Скопје го гледаат во откажувањето на голем број настани и саеми, предвидени за промоција на главниот град. 

-Како што налагаат новонастанатите услови наметнати од ковид пандемијата, според кои нема да се одржуваат настани на мал простор, разни промотивни саеми и активности и сл, додадовме  неколку нови ставки, пред се од аспект на развој на туристичките капацитети на Водно.
Намалување на средствата имаме во делот на промоција, патувања и печатење, каде имаме целосно тргнување на ставки како што се поставување на 3Д туристички портали и патокази, изработка на кратко промотивно видео, како и учество на разни туристички саеми, берзи и манифестации, а имаме и големо намалување во ставката за дизајн и печатење на туристичкиот  материјал за туристичка промоција на град Скопје, како и за одржување на Етно фестивал и фестивал на народни носии. На овие неколку ставки скратени се околу 5,5 милиони денари, велат од Град Скопје за Слободен печат.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот