Чешкиот претседател е позитивен на ковид-19, се враќа на болничко лекување

Милош Земан/ Фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Чешкиот претседател Милош Земан е позитивен на Ковид-19 и се враќа на болничко лекување, само неколку часа откако денеска беше пуштен од здравствената установа, соопшти неговиот кабинет.

Кабинетот соопшти и дека работните обврски на 77-годишниот чешки претседател ќе му бидат одложени додека се лекува од Ковид -19. Земан требаше да именува нов премиер в петок по изборите во октомври. Чешкиот претседател денеска беше пуштен од воената болница, каде што помина повеќе од шест недели, откако на 10 октомври итно беше пренесен на одделот за интензивна нега.

Лидерот на опозициската десница Петер Фијала неодамна најави дека Земан утре ќе му додели мандат за состав на новата влада.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот