Червар: Ракометот не е мртов

Селекцијата на Хрватска е првиот финалист на Европското ракометно првенство откако во полуфиналето по две продолженија ја совлада Норвешка со 29:28. Очекувано, селекторот на „коцкестите“, Лино Червар беше еуфоричен по победата.

– Немам зборови како да им се заблагодарам на играчите. Ова беше еден херојски натпревар, ретко виден. Можеби беше потензично и неизвесно отколку кога бевме светски шампиони во Португалија. Не знам што би кажал, десет години не бевме во финале. Бевме во 2010 година и повторно мене ми припадна таа чест, ракометот не е мртов – изјави Червар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот