Челзи гледа кон ЛШ, „карамелите“ стопени на Стемфорд Бриџ! (ВИДЕО)

фото: твитер

За лондонските „сини“ против Евертон во првиот дел стрелаа Маунт и Педро, додека во второто полувреме сите дилеми ги решија Вилијан и Жиру.

Челзи убедливо славеше против Евертон во натпреварот од 29. коло во Премиер лигата, кој беше одигран на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

Лондонските „сини“ можеби го одиграа еден од своите најдобри мечеви сезонава во најсилната англиска фудбалска лига, целосно доминираа против екипата од Ливерпул.

Првиот гол за домаќините го реализираше Мејсон Маунт со еден удар од работ на шеснаесетникот после асистенцијата на Педро.

Шпанецот беше стрелец на вториот погодок во 21. минута откако избегна офсајд позиција и рутински го совлада Џордан Пикфорд.

Сите дилеми беа решени на стартот од второто полувреме, кога Вилијан со удар од далечина и Оливие Жиру од петерецот беше поставен конечниот епилог.

Фудбалерите предводени од менаџерот Френк Лампард чекорат кон позиците на табелата кои водат наредната сезона во Лигата на шампионите, моментно се на четвртото место со 48 бодови, додека Евертон е на 12. позиција со 37.

Денеска од 17.30 часот се игра градското дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити на „Олд Трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот