Челси повторно ќе купува голман од Шпанија и тоа најскапиот

Менаџерот на „сините“ подготвува тим со кој ќе ја нападне Премиер лигата.

Екипата на Челси е подготвена и во време на криза да троши пари само за да се вклучи во трката за титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите.

Менаџерот на „сините“ Френк Лампард побарал од својот сопственик, Роман Абрамович да му го донесе најскапиот голман на светот, Јан Облак.
Како што пренесува новинарот Џон Крис, Лампрад планира во Атлетико Мадрид да го испрати актуелниот чувар на мрежата Кепа и одсредена сума на пари.

Новинарот не сакаше да навлегува вобројките, но притоа потсетува дека Облак минатото лето потпиша нов договор со Атлетико Мадрид по кој откупната клаузула е поставена на 120 милиони фунти, дури 50 милиони повеќе отколку што Челси му плати на Атлетик Билбао за Кепа.
Во лондонскиот тим се свесни дека трансферот не може да биде помал од 100 милиони фунти и затоа се подготвени да го испратат Кепа за Атлетико да добие врвен голман во замена за Облак, а притоа да доплатат околу 50 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот