Чавушоглу: Ќе го информираме УНЕСКО за Аја Софија

Министерот за надворешни работи на Турција, Метвју Чавушоглу/Фото: Профимедиа/ AFP PHOTO / TURKISH FOREIGN MINISTRY / FATIH AKTAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша указ и најави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе го извести УНЕСКО за чекорите преземени во врска со Аја Софија, откако на музејот ќе му биде вратен статусот на џамија.

Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Аја Софија е претворена во музеј. Потоа, со одлука на турското Претседателство, Аја Софија беше префрлена под ингеренции на Управата за верски работи на Турција (Дијанет).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша указ и најави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.

УНЕСКО во петокот објави дека ќе го преиспита статусот на тој културен споменик на списокот на Светско наследство.

Аја Софија девет векови била православна црква пред да биде претворена во џамија по освојувањето на Отоманската империја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот