Цезар салата по оригинален рецепт на Цезар Кардини: Најпопуларниот оброк-салата кај нас

Фото: Профимедиа

Еден од најпопуларните здрави и брзи оброци е Цезар салатата. Се верува дека првпат ја направил Цезар Кардини во 1924 година, италијански емигрант, кој управувал со ресторани во Мексико и Америка. Неговата ќерка Роза раскажала дека нејзиниот татко ја измислил оваа салата, кога се потрошиле залихите на храна во неговиот ресторан во Мексико.

Тој ден, 4 јули 1924 година, сите планирани залихи на намирници за приготвување храна во неговиот ресторан биле искористени во организирана прослава што се одржувала во тој момент. Кардини морал да се снајде во дадениот момент додека сѐ уште траела прославата и да ги искористи намирниците што му преостанале во неговиот магацин за да ја подготви храната. Покрај искуството што го имал, не плашејќи се да експериментира во подготовката на храната, ја искористил и генијалноста што ја поседувал и почнал да им подготвува салата на гостите, која буквално ја измислил во тој момент. Секако, гостите не знаеле дека оваа салата е резултат на недостигот од намирници во тоа време во ресторанот, а за да биде уште поголема генијалноста на Кардини, тој решил својата штотуку осмислена салата да ја подготви директно на масата пред гостите.

Кардини големиот проблем на недостиг на намирници го преобратил во вистинска сензација!

Денес, ова е еден од најпопуларните рецепти во светот, кој е многу лесен за подготовка. Речиси не постои ресторан и кај нас кој ја нема Цезар салатата на своето мени.

Постојат многу варијанти на салатата на Кардини, со оглед на тоа што брзо ја освоила планетата, а се верува дека ова е оригиналната.

Состојки:

– 250 грама пилешко бело месо
– 100 грама пршута
– 5 парчиња двопек исечен на коцки
– 1 главица зелена салата
– 1 чаша павлака
– мајонез по вкус
– 2 лажички (ворчестер) сос
– 1 лажица сенф
– маслиново масло
– 1 домат
– 1 чешне лук
– сок од лимон од најмалку половина лимон со средна големина
– сол, бибер, пармезан по вкус

Подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на коцки, па пропржете го на маслиново масло. Потоа извадете го, па пропржете ја пршута, ситно сечканиот лук и двопекот исечкан на коцки.

Во длабок сад измешајте ја зелената салата исечкана на ленти со пилешкото, сланината, тостот и лукот, па додадете ги доматите исечкани на коцки и зачините.

На крај, во посебен сад измешајте ги павлаката, сенфот, сокот од лимон, сосот и мајонезот, па со него прелијте ја салатата.

Цезар салатата одозгора посипете ја со рендан пармезан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот