Бугарското МНР го укори Рама: Очекуваме албанскиот премиер да се изразува како политичар од земја кандидат за ЕУ

Еди Рама на прес конференција во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Бугарија отсекогаш била меѓу оние земји-членки на Европската унија кои ја поддржуваат европската припадност на албанскиот народ. Ова го соопшти бугарското Министерство за надворешни работи во став по повод вчерашниот говор на албанскиот премиер Еди Рама кој блокирањето на европските интеграции на Севрна Македонија и Албанија од страна на Бугарија го нарече „срамота“, а имаше и иронична забелешка пред Шарл Мишел, Фон дер Лајен и Макрон. 

-Ја браневме европската перспектива на Албанија и почетокот на преговорите за членство во ЕУ, дури и кога беше многу потешко од денес. Низ годините, немаше многу други гласови заедно со нас во оваа кауза. Ние се залагаме за тоа денес, и покрај се, во име на заедничката европска иднина. Како одговор, ова  не е првпат да слушаме неиспровоцирани остри, навредливи квалификации од шеф на влада. Жолчните навреди во толку низок јазичен регистар повеќе не можат да се оправдаат со природата и недостатокот на европски комуникациски вештини. Очекуваме албанскиот премиер да ги прилагоди своите изразни средства на јазик што е соодветен за политичар од земја кандидат за членство во ЕУ“, соопшти бугарското МНР.

„На ова ниво, повеќе од кое било друго, инсистираме да се почитува добриот тон на комуникација. На ова ниво секогаш сме ја покажувале сета почит што бара одговорна позиција и ниво на меѓудржавни односи. Имаме заедничка иднина со Албанија „Политичарите си заминуваат. Народите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес, кој не треба да биде оштетен од погрешната проценка на политичарите. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот