Бугарскиот патријарх Неофит примен во болница во Софија

Поглаварот на Бугарската православна црква, патријархот Неофит, е пренесен во сериозна состојба на Невролошкото одделение на софиската болница Токуда, објавија денеска голем број бугарски медиуми.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, тој бил однесен во болницата на 15 јуни во вечерните часови, но веста дури денеска ја соопштија вработени од софиската митрополија.

Патријархот Неофит бил пренесен во болница од високи духовници на Бугарската црква, на кои им била доверена грижата за неговото здравје. Според написите во бугарските медиуми, тие се обиделе влошувањето на здравјето на патријархот да го зачуваат во тајност.

Неговата состојба сега е стабилизирана, но никој не е подготвен да дава било каква  прогноза за здравјето на Неофит.

Како што потсетува дописнкиот на МИА од Софија, бугарскиот патријарх беше во болница и во текот на април, поради што не беше во можност да присуствува на првата седница на 45-то Национално собрание по парламентарните избори на 4 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот