Бучковски: Ковачевски требаше да се сретне со Мицкоски и да иницира постапка за уставни измени за внесување на Бугарите

Владо Бучковски, гостин во 360 степени на Алсат/Фото: Скриншот

Премиерот Димитар Ковачевски требаше да ја прифати понудата за средба дадена од страна на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е став на професорот и поранешен премиер, Владо Бучковски. Како што вели тој во емисијата „360 Степени“ на Алсат по една таква средба нашата страна требало само да иницира постапка за уставни промени за запишување на Бугарите во Уставот, со што би се презентирала одредена иницијатива.

„За мое пријатно изненадување, опозицијата даде ветер во грбот на Владата, да биде порешителна, похрабра Мислам дека фалеше една средба помеѓу премиерот на Владата и лидерот на опозицијата по подготвеноста на Мицкоски да биде кооперативен и да дефинира што за него значи реципроцитет“, искрен е Бучковски.

Во однос на спорот со Бугарија, Бучковски смета дека македонската страна не дала дополнителни напори во преговорите со Бугарија:

„Не сме наивни, знаеме дека постои француска иницијатива. Ја потврдија и од Кабинетот на Пендаровски…има сериозен дипломатски напор. И неслучајно е темпирана посетата и на германскиот канцелар. Но, да видиме… мислам дека ние не даваме дополнителна сила на Петков и на неговата влада да дојдат до компромис“, рече Бучковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот