Бучковски: Изгубена е битката, но не и војната

Владо Бучковски / Фото: Архива на Слободен печат

Стратешка грешка е бугарското вето на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели проф. Владо Бучковски во интервју за ТВ Европа.

Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа- рече проф. Бучковски.

Тој вели дека во Македонија има говор на омраза, но тој не доаѓа од владетелите, туку од опозицијата и нејзините медиуми.

Според него има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, што ги попречува билатерални односи.

Стратешка грешка е одлагањето на преговорите за членство на Скопје во ЕУ. Но, очигледно е дека некои политичари во Бугарија го злоупотребуваат ова прашање– ова за ТВ Европа го коментираше поранешниот премиер и министер за одбрана проф. Владо Бучковски.

Поранешниот премиер на Република Северна Македонија Владо Бучковски коментира дека е изгубена битка, но не и војната за нашата држава. Според него, нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Договорот мора да успее, категоричен е Бучковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот