Брза торта со Нутела: Потребни ви се само три состојки

Што велите за една неодолива торта со Нутела која се подготвува многу брзо. Потребни ви се само три состојки за неодоливо уживање.

Ако сте љубител на слатки, а притоа и сте „мрзелививо кујната или едноставно не знаете како да ги направите, ова е идеалниот рецепт за вас. Овој рецепт за брза торта со Нутела го освои светот, а веруваме ќе ве освои и вас.

 

За едноставната торта со Нутела потребно ви се три шолји Нутела, три јајца и една и пол шолја брашно. Измешајте сè заедно додека не добиете хомогена смеса, а потоа земете соодветен сад за печење во кој ќе ставите и хартија за печење. Истурете ја смесата во садот.

Во претходно загреана рерната на 180 степени ставете ја тортата и печете 15 минути. Кога ќе ја извадите од рерна, оставете ја да се излади малку и премачкајте ја со Нутела крем како фил. Исечете ја на парчиња и послужете. Сигурно тортата ќе „исчезне“ во истиот момент од трпезата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот