БРУТАЛНА ОДМАЗДА: Злоупотребувано момче задушило свештеник кој со години се изживувал врз него

Момче на 20-годишна возраст е уапсено поради убиство на свештеник-педофил, поради тоа што му забил крст во грлото. Како што пишува „Дејли меил“, Александре В. го нападнал 91-годишниот католички свештеник Роже Матасоли додека работел во неговиот дом во Ањец во Франција.

Тинејџерот е обвинет за мачење, убиство и пружање отпор за време на апсење, откако се обидел да избега со автомобилот на свештеникот. Тој е префрлен во психијатриска болница.

Матасоли е обвинет дека сексуално злоупотребувал најмалку четири момчиња, меѓу кои и Александре В. и неговиот татко, во период од 1960 година до 2000 година.

Полицијата го пронашла свештеникот мртов, со знаци на мачење врз неговото тело, а утврдено е дека е задушен. Во неговото грло е најден крст.

Убиството се случило на 4 ноември, но напаѓачот официјално не е обвинет до 26 декември. Инаку, свештеникот го вработил Александре како домар.

Таткото на осомничениот, кои француските медиуми го нарекоа Стефан, свештеникот наводно го злоупотребувал додека бил дете, а подоцна го злоупотребувал и осомничениот. Таткото на Стефан извршил самоубиство кога дознал дека неговиот син бил злоупотребуван, а и неговиот син Александре се обидел да си го одземе животот откако бил нападнат од свештеникот.

– Овој човек ни го уништи целото семејство – рекол Стефан.

Полицијата води истрага на основа на хипотезата дека убиството е чин на одмазда, пренесуваат локалните медиуми.

Осомничениот Александре ѝ рекол на полицијата дека не може да се сети на ништо во врска со смртта на неговиот работодавач.

По убиството на свештеникот, локалниот бискуп Жак Беоа Гонен рече дека свештеникот Матасоли бил расчинет откако во 2009 година се појавиле наводи дека тој злоупотребувал луѓе.

Меѓутоа, извештаите на локалните медиуми исто така наведуваат дека во 2009 година свештеникот секако требало да замине во пензија поради старост. Подоцна се дознало дека бискупот Гонен наводно го имал Матасоли на платениот список се до 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот