Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија надмина 60 илјади

epa08800750 Oxford Street during the first day of a national lockdown in London, Britain, 05 November 2020. Britain has begun its second national lockdown. This comes as news reports state that Covid-19 related deaths in Britain have increased by 46 percent in less than a week. EPA-EFE/ANDY RAIN

Обединетото Кралство, европска земја која е најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот, во пресрет на кампања за вакцинација, што треба да започне следната недела, деенска ја мина границата од 60.000 смртни случаи.

Велика Британија, каде што денеска се регистрирани вкупно 60.113 смртни случаи од почетокот на пандемијата, (414 во изминатите 24 часа), беше првата земја што вчера одобри употреба на вакцините против ковид-19 на „Физер“ и „Бионтек“.

Првите вакцини, од следната недела, треба да ги примаат корисниците и вработените во домовите за стари лица и изнемоштени лица.

Некои членови на британската влада изјавија дека излегувањето од ЕУ и овозможило на земјата да го забрза процесот на одобрување на вакцините пред нејзините европски соседи затоа што се ослободи од европските регулативи.

Францускиот државен секретар за европска политика, Климент Боун изјави дека Велика Британија поради Брегзитот, немала предност во одобрувањето на првата вакцина против ковид-19 , како што тврди Лондон.

-Велика Британија немаше никакви привилегии во донесувањето одлуки поради Брегзит затоа што до 31 декември е целосно предмет на европската рамка, ниту при изборот на некои забрзани процедури- рече тој на прес-конференција за идната стратегија за вакцинација на француската влада во Франција.

Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да се состане најдоцна до 29 декември за да одлучи дали ќе даде одобрение за вакцината произведена од големата американска компанија „Фајзер“ во соработка со германската биотехнолошка компанија „Бионек“.

Британските здравствени регулатори кои ја одобрија вакцината на Фајзер против ковид-19 не ги проучувале податоците од студијата толку внимателно како што ги испитува американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во својот преглед, тврди америнскиот д-р Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

– Начинот на кој го прави нашата ФДА е вистински начин. Навистина многу внимателно ги испитуваме податоците за да и гарантираме на американската јавност дека станува збор за безбедна и ефикасна вакцина, рече Фаучи во интервју за Фокс Њуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот