Брнабиќ: Оваа Влада ќе има многу предизвици пред себе, посебно односите со Приштина

Ана Брнабиќ / Фото: ЕПА

Мандатарката за состав на Владата на Србија Ана Брнабиќ денеска во експозе во Народното Собрание рече дека, покрај здравствените оваа влада ќе има огромни политички предизвици пред се во односите со Приштина, продолжувањето на дијалогот за нормализација на односите и проблемите со воспоставувањет на Заедница на српски општини, од која нема да отстапи.

Брнабиќ рече дека српската страна „ држи до зборот и стои зад нашиот потпис“ (кога се во прашањет преговорите со Приштина во Брисел), како и дека „тоа природно и нормално е да се очекува и од другите за во добра верба да се продолжат разговорите“.

„Новата влада ќе продолжи да води политика за заштита на виталните национални интереси, мирот и соработката кога е во прашање Косово и Метохија, со цел заштита на нашиот народ, културното и верското наследство на Косово и Метохија, но и мирот и стабилноста во целиот регион. Приоритети ќе бидат продолжувањето на преговорите со Привремените институции на самоуправа на Косово, унапредување на економскиот развој и условите за живот на српското население на Косово и Метохија и поддршка за враќање на интерно раселените лица“, рече Брнабиќ.

Таа наведе дека и по ова важно прашање, за кое рече дека е „можеби и најголем предизвик за долгорочно одржливата безбедност и стабилност на целиот регион“, Владата на Србија сите свои активности и сите свои потези до детаљ ќе ги кооридинира со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со претставниците на српскиот народ на Косово.

„Национално и политички единство по ова прашање е наш апсолутен приоритет“, рече Брнабиќ.

(Извор: Бета)

Новата српска влада со три нови министерства- ресори за селото, човековите права и семејството

ВИДЕО | Андоновиќ: Србија на крстопат меѓу Русија и Западот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот