Брнабиќ: Немаме план Б, Европската Унија останува приоритет за Србија

Фото: EPA-EFE/Andrej Cukic

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија сака да биде дел од Европската Унија (ЕУ) и дека нема план Б. На онлајн самитот „Белградски економски форум”, таа повтори дека стратешки приоритет на Србија и клучен фокус во надворешната политика останува членството во ЕУ и посочи дека процесот на европска интеграција е подеднакво важен и за регионот и за Србија.

Брнабиќ повтори дека процесот на европска интеграција е подеднакво важен и за регионот, како и за самата Европска унија.

– Не мислам дека ЕУ како таква може да продолжи, без Западен Балкан да се интегрира во Унијата, рече Брнабиќ.

Таа се заблагодари на комесарот Оливер Вархељи за лидерството и за „туркањето” на процесот на проширување во рамките на Европската комисија и охрабрувањето на забрзувањето на реформите и приближувањето кон ЕУ што е можно поскоро.

– Знаеме каде сакаме да бидеме, знаеме дека сакаме да бидеме во ЕУ. Нема опција Б за Србија. Ние сакаме да бидеме дел од ЕУ, бидејќи тоа е во наш интерес и затоа што го споделуваме системот на вредности на ЕУ, рече Брнабиќ.

Како што рече таа, без оглед на внатрешните одлуки на ЕУ или земјите-членки во однос на брзината на пристапувањето, Србија е решена да продолжи по „европскиот пат”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот